Во изминативе денови на социјалните мрежи во Прилеп масовно се шират непроверени информации дека во градот има околу 50 новоинфицирани лица со ХИВ, па дури и тврдења дека Центарот за јавно здравје Прилеп спроведувал организирани тестирања во повеќе компании.
Од почетокот на 2026 година во Прилеп се регистрирани само три нови случаи на ХИВ, соопшти Центарот за јавно здравје Прилеп, отфрлајќи ги како неточни информациите што се шират на социјалните мрежи дека во градот има околу 50 новоинфицирани лица.