Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“, но според Движењето ЗНАМ, зад ваквите пораки повторно стојат исти политички ветувања без суштина и реални резултати.
Додека криминалната група ВМРО и Мицковски ја водат земјата во изолација, секојдневно ја задолжуваат и го блокираат патот кон Европа, ЗНАМ го напаѓа СДСМ, реагираат од опозицијата на соопштението од Движењето ЗНАМ.
Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“, пишува во денешното соопштение на ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.