Се одигра натпреварите и од вториот ден на 54. меѓународен ракометен турнир Струга во кои славеа ГРК Охрид и РК Прилеп. Играчите на Прилеп славеа со 31:29 против Бутел и е во предност за второто место во групата А што носи борба за третата позиција на турнирот.
Возбудувањата на отвореното игралиште покрај Езерото во Струга продолжуваат со полна пареа. По вчерашното свечено отворање на 54. издание на Струшкиот турнир, каде што Вардар славеше над Прилеп, а Охрид ја совлада екипата на домаќинот Струга, денеска во вториот натпреварувачки ...
Екипата на Прилеп дојде до првата победа на струшкиот турнир, откако славеше со 31-29 против Бутел Скопје во дебито на Стојанче Стоилов. Клучен за триумфот беше Благојче Трајкоски, зад своето име запиша 16 интервенции. И двата тима понудија интересна битка, на одморот беше 17-17.