Македонија од четврток влегува во нов период на многу топло време, а температурите ќе растат до сабота. Според актуелните метеоролошки модели, најтопло ќе биде во Скопската Котлина, Повардарието и југоисточните делови, каде дневните максимуми ќе се приближат до 40 степени.
Подгответе се за нови неверојатни жештини. По краткотрајното освежување и локалните попладневни грмежи, ни следува нов топлотен бран со екстремно високи температури. И македонската престолнина повторно влегува во жешка фаза.
Денес, среда, 19 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 33 степени.
Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.