Минливата слабост или трнење на раката, краткотрајното нарушување на говорот или привременото губење на видот на едното око се симптоми кои луѓето често ги игнорираат токму затоа што брзо исчезнуваат. Но, тие може да бидат едно од најважните предупредувања дека се заканува ...
Мозочниот удар претставува значаен јавно-здравствен предизвик. Навременото препознавање на предупредувачките знаци, контролата на ризик-факторите и брзото добивање соодветна медицинска помош се од суштинско значење за намалување на последиците и спасување човечки животи.
По повод Светскиот ден на мозочниот удар, охридската болница „Св. Еразмо“ организира бесплатни здравствени прегледи и стручни консултации, со цел да ја поттикне јавната свест за значењето на превенцијата и навременото откривање на ризиците.