Вооружено лице денеска отвори оган пред средно училиште во западна Турција, при што повреди најмалку четири лица.Нападот се случи пред средното стручно и техничко училиште во Тургутлу, град во областа Маниса. Канцеларијата на гувернерот на Маниса ја потврди пукотницата и извести ...
На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.
Прва Скопска - Макфакс - Скопско Ехо - 360 степени - Вечер
Петнаесетгодишниот Х.О. е уапсен во Турција под сомнение дека денеска утринава, непосредно пред 8 часот, отворил оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, при што ранил најмалку 11 ученици. Според последните информации, двајца од повредените се наоѓаат во критична состојба.
Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек соопшти дека во вооружениот инцидент пред средно училиште во Тургутлу, во провинцијата Маниса, се повредени 11 ученици, од кои двајца се во тешка состојба. Ѓурлек потврди дека малолетникот, осомничен дека пукал пред училиштето, е приведен.