Професорката Тамара Јованов реагира дека надлежните во Штип не информираат дали појавата на стомачен вирус кај голем број граѓани е поврзана со водата за пиење. Таа прашува зошто Општината не објави официјални резултати за исправноста на водата и зошто граѓаните добиваат ...
Професорката на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Тамара Јованов, јавно побара од надлежните институции да излезат со официјални информации за квалитетот на водата за пиење во градот, откако, како што наведува, се зголемил бројот на граѓани, особено деца, со стомачни тегоби.