СДСМ преку соопштение обвини дека Владата нема кредибилитет кога најавува дека Гостивар утре ќе добие технички исправна вода, оценувајќи дека по признанието за задоцнета реакција во справувањето со состојбата, граѓаните имаат право да се сомневаат во институциите.
Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да испорачува. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува утре надлежните институции да соопштат дека водата во Гостивар повторно е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е хиперхлорирање на водоводната мрежа и дека досегашните анализи покажуваат позитивни резултати, пренесе МИА.
Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела.
„Јас не сум епидемилог или микробилог, мојата функција е менаџерска, но јас сум во постојана комуникација, имаме целодневни состаноци со епидемиолозите, микробиолозите, специјалистите по хигиена, кои се токму за оваа работа и се интересирам за прашањето што ми го поставивте.