Живееме во време на опасен и суров парадокс. Од една страна е шарената, филтрирана и гламурозна илузија на социјалните мрежи, а од друга, реалниот свет, кој често е сив, обичен, понекогаш досаден и далеку од совршен.
Габриела Михајлова: Турбо-фолк, казина и обложувалници на секој чекор. Главната понуда. За сите. Културата? На попуст. Библиотеките? Тивки. Младинските центри? Празни. Здравите навики? Нека почекаат. Со години го убедуваме простотилукот дека е успех. Му аплаудираме.
Симеон Мони Дамевски: Читам огромен број коментари во врска со насилието меѓу децата, и речиси сите се занимаваат со решавање на симптомот наречен насилство (булинг по модерно). Затоа решив да напишам некој збор, зашто од што се занимаваме постојано со лечење на симптомите многу ...
Калина Коси: Иако многу многу поретко, се случувало и порано да се степаат деца. Женско со женско, машко со машко, еден на еден. Скубење за коса, некое кошкање меѓу машките на земја, по некоја клоца кога ќе се степаа група деца. Толку.
Вербалниот товар од говорот на омраза е посилен и поефективен. Зборовите оставаат траги. Понекогаш подлабоки од секоја физичка повреда. Дете кое секојдневно расте опкружено со омраза на социјалните мрежи, полека почнува да верува дека тоа е нормалниот начин на комуникација.
Ана Василевска: Тоа што треба да не вкочани и преплаши до смрт се низата причини кои доведоа да живееме во токсично општество. Има многу, но една од нив бездруго е релативизирање на злото преку праксата на неказнивиост и уште пострашно киднапирање на есенцијалната човекова ...