Некогашниот италијански шампион, и екипа која што своевремено имаше сериозна улога во Серија А збиднувањата, тимот на Сампдорија, доживува сериозно тешки моменти. Ајде што е дел од Серија Б, тимот од Џенова сезонава има потешкотии да го задржи и овој статус.
Култниот италијански клуб Сампдорија поминува тежок период. Некогаш беше синоним за италијанскиот фудбал, а сега се мачи во втората италијанска лига. По девет одиграни кола, Сампдорија е на претпоследното место во Серија Б со само пет освоени бодови.