Пари Сен Жермен го очекуваат уште многу битки до крајот на сезоната, битки кои мора да се добијат за да се остварат целите, да се потврди доминацијата во Франција, но и да се одбрани пехарот во Лигата на шампионите што е ставено како приоритет.
ПСЖ се подготвува за дербито со Лион, а тренерот Луис Енрике првпат поопширно зборувал за сериозната повреда на Квича Кварацхелија и плановите на клубот поради долгата пауза на Грузиецот. Кварацхелија заработи повреда на лигаментите на дуелот со Барселона од Лигата на шампионите ...