Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, кој ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот „Храброста на храбрите“ (Bravery of the Brave), на 15 октомври во Националната опера и балет ќе го отвори 45-тото издание на Скопскиот џез-фестивал (СЏФ).
Прочуениот словенечки перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, тенор-саксофонистот, кларинетист и композитор Леонхард Скорупа и Пасквале Мира, еден од највпечатливите и најактивните вибрафонисти на современата национална и меѓународна музичка сцена вечерва ќе настапат ...
Четири фестивалски вечери, 11 концерти и музичари од 13 земји. Од авангардниот европски џез до африканските ритми и јужноамериканските музички експерименти, Скопскиот џез фестивал уште еднаш ги отвора хоризонтите на современата музика.