Дете на возраст од 13 години се бори за живот на скопската клиника откако во синоќешна тепачка во скопски Чаир беше прободено со нож. Тепачката настанала околу 22 часот на 31 август, меѓу момчиња на возраст од 13 до 19 години, при што вкупно три момчиња се повредени.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
+инфо - 24Инфо - Press24 - Скопско Ехо - Прва Скопска - Булевар
Во непосредна близина на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, се случил инцидент во кој учествувале повеќе малолетни лица. Едно од момчињата се здобило со тешки телесни повреди во пределот на градниот кош и се наоѓа во животно загрозувачка состојба.
Сите учесници во инцидентот во скопската населба Чаир, во кој со нож беше повредено 13-годишно дете, се обезбедени од страна на полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, појаснувајќи дека се приведени вкупно пет лица.