Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра, побара на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека води селективна борба против криминалот и дека ги користи антикорупциските наративи за пресметка со внатрепартиски неистомисленици.