Тензиите на улиците во Белград продолжуваат и вечерва, еден ден по победата на Студентската листа на парламентарните избори во Србија. По упадот во редакцијата на „Информер“, група демонстранти се собрале и пред зградата на телевизијата „Пинк“ во населбата Дедиње, каде што се ...
Полицијата интервенираше пред зградата на телевизијата „Информер“ на булеварот Пеке Дапчевиќ 17 во Белград, откако избувнаа немири по упадот на граѓани во просториите на телевизијата и изведувањето на главниот уредник Драган Вучиќевиќ.
Дневникот на Радио-телевизија Војводина кој се емитуваше во 17 часот почна со извинување кое водителот Горан Ерор го упати до гледачите поради долгогодишните пропусти во известувањето на јавниот радиодифузен сервис.
Голема група граѓани се собраа вечерва пред редакцијата на провладиниот таблоид „Информер“ во Белград, при што дел од присутните подоцна влегоа во зградата. За време на пренос во живо, главниот уредник на „Информер“, Драган Ј.