Опозицискиот СДСМ побара оставка и одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по случајот со Ива Михаилова, која, како што велат од партијата, ја напуштила државата и покрај тоа што ѝ биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош.
Опозиционерите бараат надлежните институции да утврдат како се случило Ива Михаилова да ја премине границата и да се утврди кој треба да сноси одговорност во врска со случајот Опозицискиот СДСМ побара оставка и одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во ...
Во тек се проверки за да се утврди што точно се случило и како успеала да ја премине границата и да влезе во Бугарија. Засега нема јавно објаснување од македонските институции за тоа како била спроведена граничната контрола и дали имало пропуст во постапувањето.