Портпаролката на Владата, Марија Митева, попладнево соопшти дека на денешната седница Владата ја разгледала и усвоила информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа оти настапил законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на општина Брвеница.
Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Централниот штаб на партијата му оддаде последна почит на прерано починатиот Јовица Илиевски, градоначалник ...
Владата донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на постапката за избор на нов градоначалник, соопшти владината портпаролка Марија Митева.