Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случи на превојот Плетвар, кога се превртел камион со битолски регистарски таблички. Според првичните информации, несреќата се случила околу 18 часот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец.
Тешка сообраќајна несреќа на Плетвар во непосредна близина на ресторан „Че“, во која според првичните неофицијални информации има човечка жртва. Станува збор за шоферот на камионот-кипер кој превезувал песок и од засега непознати причини се излизгал на патот и се превртел.
Според СВР Битола, станува збор за товарно возило кое од засега непознати причини излетало од патот На социјалните мрежи, граѓани кои се затекнале на патот, како и локални медиуми објавија фотографии и видеа од возила како во долга колона чекаат на патниот правец Едно лице ...