За Софиа Перевска денес започна едно ново и возбудливо поглавје – првиот ден во училиште. Третата од четирите ќерки на музичарот Никола Перевски Пере , познат како Пере од Нокаут, за првпат седна во училишна клупа.
Со тегет ранец, дотерана во тегет-бела комбинација, ќерката на Пере пристигна на првиот школски ден, а ќе се образува во приватно француско училиште. Никола Перевски Пере, или Пере од Нокаут, е татко на четири девојчиња - Миа, Каја, Софиа и Ирис.