ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека Владата во изминатите две години презела низа мерки со кои, како што наведува, значително е подобрена состојбата во земјоделството и обезбедена поголема поддршка за земјоделците.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска, на денешната прес-конференција соопшти дека во изминатите две години, покрај стабилизацијата на земјоделскиот сектор, фокусот бил ставен на капитални инвестиции, модернизација и изградба на функционални институции.
Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра. Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака. Без вистинска поддршка од државата. Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД е блокиран.