Сезоната за шпекулации и нови детали за Samsung Galaxy S21 оваа година почнува многу порано, бидејќи самиот смартфон ќе биде претставен некаде во јануари 2021, па така нешто порано произлегуваат и нови информации за неговите компоненти.
Се појавуваат се повеќе вести и информации кои укажуваат на тоа дека би можеле да бидат вистините гласините за тоа дека Samsung својата Galaxy S21 линија смартфони ќе ја објави во јануари.