МВР информира дека доцна синоќа во 22:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода З.Б.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга.
На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, по ...