Кога одите на преглед кај матичниот лекар , веројатно не секогаш му ја кажувате целата вистина. Според една голема студија, помеѓу 60 и 80 отсто од возрасните во САД пријавиле дека сокриле барем една релевантна медицинска информација од лекарот, пишува „ЈахуХелт“.
Многу пациенти не се чувствуваат пријатно да разговараат со својот лекар за чувствителни теми, како што се консумирањето алкохол, пушењето или редовното земање терапија. Сепак, лекарот и истражувач д-р Роналд Епстин предупредува дека премолчувањето ...