И дефинитивно Мохамед Салах во Трабзон има кралски третман. Овој трансфер го изненади фудбалскиот свет, а египетската ѕвезда покрај Црното Море доживеа кралски пречек и привилегии што многумина не можат ни да ги замислат.
Доаѓањето на Мохамед Салах во редовите на Трабзонспор претставува еден од најнеочекуваните трансфери во европскиот фудбал ова лето, а приемот во новата средина потврди дека клубот добил многу повеќе од врвниот напаѓач.
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, смета дека Мохамед Салах направил чекор назад со одлуката кариерата да ја продолжи во Турција. Египетскиот офанзивец летово го напушти Ливерпул и потпиша за Трабзонспор, што предизвика реакции во фудбалската јавност.
Фотографите кои беа на тренингот на Трабзонспор, фатија едно интересно трио со Мохамед Салах во центарот на вниманието. Египќанецот е најголемото засилување на тимот, а покрај него се Андре Онана и Стефан Савиќ со кои добро се познава, па затоа и не се делеше од нив денеска.