Компанијата Škoda преку моделот Superb изгради слика за автомобил каде просторот и удобноста се секогаш на прво место, но со верзијата Sportline, чесите сакаат да докажат дека практичното размислување и возачкиот шарм всушност можат да создадат одлична кохезија.
Поминавме неколку дена со новиот, голем Škoda Superb. Знаменосецот на Škoda нуди навистина многу, но што сакаме да кажеме кога кажуваме „крај на муабетот“? Меѓу автомобилските ентузијасти често се повторува еден ист муабет.