Три концерти се вечерва на програмата на Скопскиот џез фестивал, сите на сцената на Националата опера и балет во Скопје. Во 20 часот ќе настапи Андреа Мирческа, бас и вокал, со Нинослав Спировски, тенор и сопрано саксофон, Благојче Томевски, бас кларинет, Филип Букршлиев, гитара ...
Со претставување на моќниот музички проект „Bravery of the Brave: Free Palestine“ на прочуениот словенечки перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, вечерва во присуство на бројни љубители на џез музиката беше отворено 45. издание на Скопје џез фестивалот.
Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста, современоста и погледот кон иднината на џез музиката.
Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, вечер, во Националната опера и балет, ќе го отвори 45. Скопски џез фестивал (СЏФ). Ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот Bravery of the Brave („Храброста на храбрите“).