TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ФОТО+ВИДЕО | Спектакуларна глетка на небото — зелена комета „уловена“ над Намибија

Слободен Печат - пред: 4 часа

Астрофотографите во Намибија ја „уловија“ сјајната зелената комета позната како 220П/Мекнот . Кометата ја открил австралискиот астроном Роберт Х. Мекнот и таа прави еден круг околу Сонцето на секои 5,5 години. Во јуни оваа година, кометата достигна перихел, односно најблиската ...

ФОТО+ВИДЕО | Зелената комета го осветли небото над Намибија – спектакуларни снимки од ретката појава

Репортер - пред: 2 часа

Астрофотографи во Намибија успеаја да забележат спектакуларна глетка на ноќното небо – сјајната зелена комета 220П/Мекнот, која во последните месеци покажува невообичаено силна активност. Кометата е откриена од австралискиот астроном Роберт Х.

Ноќен спектакл во август: Небесната магија зад метеорскиот дожд Персеиди

Трн - пред: 12 часа

Метеорскиот дожд Персеиди повторно го достигнува својот годишен пик, нудејќи им на љубителите на астрономијата можност да уживаат во десетици светли метеори на часот. Овој традиционален небесен спектакл зад себе крие фасцинантна историја од митологијата, но и предупредување за ...

Небесен спектакл над Македонија: Млечниот Пат и Персеидите фотографирани од Галичица

Скопје1 - 13.08.2026

Млечниот Пат и еден од метеорите од метеорскиот дожд Персеиди се најдоа во ист кадар над Националниот парк „Галичица“, во фотографија направена од Димитар Бирачески. Фотографијата е снимена од локалитетот Корита, далеку од силното градско осветлување, што овозможило јасно да се ...

Метеорскиот дожд Персеиди над Куклица

Нова Македонија - 13.08.2026

Секоја година во средината на август Земјата поминува низ трагата од прашина што зад себе ја оставила кометата Свифт Татл. Таа својата орбита околу Сонцето ја поминуваа за 133 години. Тие зрнца, не поголеми од зрно песок, влетуваат во атмосферата на нашата земја со брзина од ...

Спектакуларните Персеиди низ објективот на Македонците + како изгледаше метеорскиот дожд низ светот?

Црнобело - 13.08.2026

Можеби затемнувањето на Сонцето не беше видливо кај нас, но затоа, пак, Персеидите приредија вистинско шоу, а доказ за тоа се и бројните фотографии од Македонци. фото: средина - Никола Наумоски , десно - Александар По затемнувањето на Сонцето , синоќа имаше уште еден астрономски ...

(ФОТО) Небесен спектакл над Македонија: Млечниот Пат и Персеидите во ист кадар над Галичица

Репортер - пред: 1 ден

Импресивна глетка од ноќното небо над Македонија е забележана од Националниот парк „Галичица“, каде во ист кадар се најдоа Млечниот Пат и еден од метеорите од метеорскиот дожд Персеиди. Фотографијата ја направил Димитар Бирачоски од локалитетот Корита, место оддалечено од ...

(Во живо) Ѕвездена парада на небото – вселената ни приредува спектакл

Независен - 12.08.2026

Делумно затемнување на сонцето ќе биде видливо во среда околу 19.30 часот и од Македонија, ноќта ќе може да ги гледаме Персидите, а пред изгрејсонце шесте планети Астрономски спектакл ја очекува денеска Земјата, затоа што вселената ни закажува видлива претстава, прво со ...

Ретка небесна глетка: Затемнувањето на сонцето и Персеидите пристигнуваат во ист ден

ТВ21 - 11.08.2026

Ако сакате да го набљудувате небото, утре, 12 август , нè очекува целосно затемнување на Сонцето, а само неколку часа подоцна и максимумот на метеорскиот дожд Персеиди. Во среда, 12 август, првпат по 28 месеци, сенката на Месечината ќе ја допре Земјата за време на целосно ...

Делумно затемнување на Сонцето и метеорски дожд Персеиди: Како да уживате во утрешниот уникатен астрономски настан?

Црнобело - 11.08.2026

Утре, пред зајдисонце ќе има соларна еклипса, а во Македонија ќе биде видливо само делумно затемнување. Ако, пак, по некоја случајност сте во Шпанија, тогаш ќе имате можност да видите целосно затемнување. Неколку часа потоа ќе можете да уживате во пикот на Персеидите – ...

📽️ МЕСЕЧИНАТА „ОДГРИЗА“ ДЕЛ ОД СОНЦЕТО НАД БЕЛГРАД Калемегдан уживаше во помрачувањето

+инфо - 12.08.2026

Белграѓани се собраа на Калемегдан за да го проследат делумното затемнување на Сонцето. Небесната претстава продолжува ноќва со максимумот на метеорскиот дожд Персеиди. Необична глетка го привлече вниманието на Белграѓани пред зајдисонце.

На 12 август нè очекува една од најубавите ноќи во годината: небото ќе биде полно со „ѕвезди што паѓаат“

Скопје инфо - 11.08.2026

На 12 и 13 август 2026 година, ноќното небо ќе приреди еден од најпознатите метеорски спектакли во годината — Персеидите. Photo by Michał Mancewicz on Unsplash Оваа година условите се особено поволни, бидејќи врвот на метеорскиот дожд се случува во период околу млада Месечина, ...

По затемнувањето, Персеидите го осветлија ноќното небо

Трн - 13.08.2026

Ако затемнувањето на Сонцето оваа година не беше видливо од земјава, метеорскиот дожд Персеиди во текот на ноќта беше глетка за уживање. Августовското ѕвездено небо над Македонија понуди вистинска природна претстава за сите љубители на астрономијата и ноќната фотографија.

Персеидите и соѕвездието Персеј – кога старата прашина од комета го буди митот

Паноптикум - 12.08.2026

Ноќва, меѓу 12. и 13. август 2026., носи една од оние ретки средби кога астрономијата и човечката имагинација речиси совршено се преклопуваат. Персеидите го достигнуваат својот годишен максимум, а годинава условите се особено поволни: младата Месечина остава темно небо, доволно ...

Прво целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Вечер - 12.08.2026

Овој небесен спектакл можеше да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување беше видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и западна Африка.

Не пропуштајте да погледнете кон небото утре. Нè очекуваат три ретки глетки.

Проверено - 11.08.2026

Јадранската воздухопловна асоцијација (А3) вели дека утринскиот дел од небесниот спектакл ќе започне непосредно пред изгрејсонце, кога шест планети ќе се порамнат по еклиптиката. Најдобро време за гледање ќе биде 30 до 60 минути пред локалното изгрејсонце.