Бројот на лица кои најверојатно се затруја од загадување на водата во Општина Гостивар се зголеми на околу 3.100 лица. Заболените се од различни возрасни групи, а симптомите се појавувале во различни денови, информираше денеска министерот за здравство , кој уште еднаш ја исклучи ...
Во моментов има 3.100 здравствени контакти, тука се вклучени и телефонски јавувања, интервенции на Брза помош. Вчера има вкупно 564 први здравствени контакти – рече на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски за состојбата со епидемијата во Гостивар.
Досега 3 000 лица пројавиле симптоми на труење. Хоспитализирани се четворица – тројца возрасни и едно дете, соопшти Клековски Здравствените власти чекаат согласност од Јавното обвинителство за да ги соопштат резултатите за водата во Гостивар што доведе до масовно труење на ...
Трендот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа и во последните 24 часа имаме нови пријавени. Бројката се движи околу 250 до 300 случаи дневно. Вчера имаше сто на детското одделение и 160 на Инфективниот оддел.