Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави започнување трговска истрага против Европската Унија и воведување „значајни царини што е можно поскоро“ поради казните што ги наметнаа европските регулатори на големите американски технолошки компании.
Во помалку од 24 часа односите меѓу Вашингтон и Брисел добија две нови точки на судир. Соединетите Американски Држави финализираа царини за стоки од 60 трговски партнери поради нивниот однос кон увозот на производи создадени со принудна работа.
Европската комисија бара промени во пребарувачот бидејќи Гугл ги става своите услуги пред конкурентските. Казната следи по истрага отворена минатата година. Европската комисија го казни Гугл со вкупно 890 милиони евра поради кршење на Актот за дигитални пазари (ДМА).
Информациите за денешниот датум ги објави германскиот весник „Ханделсблат“, кој се повикува на двајца високи функционери на ЕУ. Одлуката следува по состанокот на колегиумот на комесари предводен од Урсула фон дер Лајен, каде што требаше да се потврди казната.