Годишната стапка на инфлација во Северна Македонија во септември достигна 2,7 отсто, што претставува благо забрзување во споредба со август, кога изнесуваше 2,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објавени на 7 октомври.
На месечно ниво нема инфлација, но во самата структура на трошоците некои се зголемиле, а некои се намалиле. Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети. Објави Државниот завод за статистика.
Храната е поскапа за 4,7 проценти, а безалкохолните пијалаци за 3,6 проценти во однос на истиот период лани. Помалиот процент на поскапување годинава не значи и помала сметка во угостителските објекти. Цените во септември 2026 година се повисоки за 3,8 проценти од истиот месец ...