За само неколку дена десетици возачи во Македонија наместо со платен налог завршија во полициска станица. Во четирите акции што МВР ги објави на 13, 15, 16 и 17 август, од слобода се лишени најмалку 53 лица поради сомнение за „безобѕирно управување со моторно возило“.
До средината на август државната каса покажува јасна разлика меѓу она што е собрано и она што е потрошено. Заклучно со 14 август, во Буџетот се слеале 220,758 милијарди денари, додека расходите достигнале 260,844 милијарди денари. Разликата е нешто повеќе од 40 милијарди денари.
Откако двајца осомничени се изјаснија за виновни и беа осудени на затворски казни, Обвинителството за организиран криминал на Северна Македонија објави дека истрагата за транспортот на пет тони марихуана во Србија е проширена на уште седум лица.
Во јули 2012 година, само неколку месеци по смртта на Киро Глигоров, Собранието расправаше за предлог да се востанови државна награда што ќе го носи името на првиот претседател на независна Македонија. Предлогот, поднесен од опозицијата (СДСМ), предвидуваше признание за придонес ...
Европската комисија со години дискретно ги следи таканаречените неидентификувани аномални појави, UAP, порано познати како НЛО, а документи до кои дошол „Еуроњуз“ покажуваат дека Брисел сака дополнително да ги подобри своите способности за нивно откривање и идентификација.
Кога во 2023 година Џејсон Ардеј влезе во Кембриџ како најмладиот црн професор во историјата на универзитетот, неговата биографија звучеше како приказна создадена за насловните страници. Како дете бил дијагностициран со аутизам и развојни тешкотии, според сопственото сведоштво ...