Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски и официјално си замина од тимот на Сараево. Ова беше најавено пред извесен период, но секако поради активниот договор кој што искусниот дефанзивец го имаше со клубот беше потребен одреден период да се нивелираат некои детали.
Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски веќе не е фудбалер на Сараево, потврди босанскиот клуб преку социјалните мрежи. За време на престојот на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, Ристовски одигра вкупно 36 натпревари во дресот на Сараево, на кои постигна три гола.
Босанскиот прволигаш Сараево и Стефан Ристовски спогодбено ја прекинаа соработката, со што поранешниот македонски репрезентативец по нешто повеќе од една година го напушта клубот од „Кошево“. Ристовски во Сараево пристигна во летото 2025 година како едно од најискусните ...