Ви пренесуваме дел од атмосферата на концертот на џез-составот Next to Silence што се одржа во Сули ан, во Старата скопска чаршија, во рамки на фестивалот Скопско лето. Тие изведоа музика што ја снимија неодамна, а која сè уште не е издадена на албум.
Во Сули ан, на 9 јули со почеток од 20:30 часот, џез-групата „Некст ту сајленс“ (Next to Silence) ќе одржи самостоен концерт. Концертот се одржува во рамките на фестивалот „Скопско лето“ и на него ќе се изведе музика што неодамна ја сними составот.