Фламингото стана неочекувана маскота на засилените протести во Албанија против предложеното луксузно одморалиште, што треба да го гради фирмата на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, кое би навлегло и во подрачје за размножување на овие птици.
За Иванка Трамп, се` започна со пливање. „Бевме на бродот на еден пријател и застанавме да пливаме. Всушност, така го најдовме“, му раскажа таа на американскиот подкастер Дејвид Сенра претходно оваа недела, опишувајќи го ненаселениот албански остров ...
Луксузниот потфат, кој се протега на заштитен остров и дел од крајбрежјето на јужниот брег, предизвика отпор од еколошките активисти и критичарите на премиерот Еди Рама, кој гледа на надворешно мешање.
Албанскиот премиер Еди Рама, на прашање на новинарите во врска со протестите за “Зврнец”, рече дека не станува збор за еколошко прашање, туку за „хибридна војна“. Според него, зад протестите стојат ирански елементи, кои, како што изјави, биле ...