Денес, 1 октомври, точно во 12 часот се отвора новиот круг за пријавување за DiscoverEU, програмата преку која околу 40.000 млади на 18-годишна возраст ќе добијат бесплатни патни пропусници за истражување на Европа.
Младите Европејци, меѓу кои и младите од Македонија, родени во периодот од 1 јануари до 31 декември 2008 година, од денес до 15 октомври имаат нова можност да добијат бесплатно патување низ ЕУ. Европската комисија денес во 12:00 часот официјално го отвора повикот за програмата ...