ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДСМ за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да предизвика паника и да го наруши довербата во банкарскиот систем.
Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Бране Петрушевски, упати обвинувања до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и неговите сопартијци, тврдејќи дека со ширење, како што рече, лаги и манипулации за случајот со Алта банка се обидуваат да го нарушат банкарскиот систем ...
Поради ширење хистерија, страв кај населението и предизвикување несигурност помеѓу граѓаните, исклучиво преку лажни вести и полувистини, Обвинителството треба да се вклучи и да даде свој придонес во оваа ситуација, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.