Поради долгите и комплицирани административни процедури за добивање на субвенции и нивната неисплата и за последните три години наназад, странските тур-оператори ја заобиколуваат земјава, реагираат од туристичкиот сектор.
Туристичките работници јавно проговорија – државата со години не им ги исплаќала субвенците на странските тур оператори, што довело до драстичен пад на бројот на туристи, посебно од земјите на Бенелукс.