Организаторите на третиот гренд-слем турнир во годината – Вимблдон, објавија дека годинашниот награден фонд ќе изнесува рекордни 64,2 милиони фунти, што претставува зголемување од дури 20 проценти во споредба со минатата година.
На Ролан Гарос, тенисерите беа бесни поради недоволниот награден фонд, дури се спомена и бојкот, но на крајот заврши со благи мерки кои не влијаеја на ништо, како што е скратување на прес-конференциите на 15 минути.