Во фудбалскиот Куп на Македонија попладнево ќе се играат нови седум натпревари. Тоа се дуели од првата елиминациска рунда која веќе ја минаа пет екипи. Пласман во осминафиналето обезбедија: Вардар, Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП и Брера Струмица.
Денеска од 16 часот, со седум натпревари, продолжуваат возбудувањата од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Се чини дека најинтересно ќе биде во Радовиш каде домашниот состав на Детонит ќе ја пречека Шкендија Арачиново.