Некогаш овде работела „Треска“ фабрика гигант со повеќе стотици вработени, а денес граѓани и архитекти со потписи на хартија се борат за идниот изглед на секоја педа од земјиштето, пред багерите да удрат по него и целосно да му го изменат изгледот.
Ќе се изградат ли мегаломански станбено-деловни објекти на местото на поранешната фабрика „Треска“ во населбата Капиштец? Граѓаните негодуваат, но и критикуваат. Пред камерата на Алфа велат дека ако тука никнат станбени единици, ќе се дозадуши ...
Богдановиќ денеска истакна дека во просторот на поранешната фабрика „Треска“ и по стариот план има превидено станбен-деловен простор во одреден процент, но, како што рече, тој план како и многу други се на ревидирање.
Советот на Општина Центар на последната седница ја прими иницијативата со која се бара просторот кај „Треска“ да се оддели како посебна урбанистичка целина од ДУП „Буњаковец“ и да се уреди со распишување јавен конкурс.