Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид дефинитивно ќе добие македонски победник. Екипите на Вардар и домаќинот Охрид закажаа меѓусебна пресметка во големото финале, откако во решавачките натпревари од групната фаза успеаја да ги надминат предизвиците од ...
Актуелниот македонски првак одигра доста неизвесен натпревар против Тримо Требње за пласман во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, кој се одржува во Охрид. Избраниците на Иван Чупиќ беа подобри со 28-26 и за противник во битката за трофејот ќе го имаат подобриот од мечот ...
И ослабен, македонскиот шампион Вардар го совладаа хрватски Нексе со 33:27 во последниот вечерашен меч на 3. ден од натпреварите на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со оваа победа, „црвено-црните“ ќе имаат директна битка со Тримо за пласман во големото финале.
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“. Тие вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 29:19. Ова всушност е двојна победа за охриѓани бидејќи истиот натпревар е и дел од Регионалната лига.