Претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев, подолго време ги навредувала на лична и национална основа вработените во судската администрација, обвини Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).
Синдикатот најави протести и штрајк доколку Судскиот совет во рок од осум дена не постапи по претставката на вработените. Претседателката Снежана Манев ги отфрла обвинувањата и тврди дека протестот е организиран поради дисциплинска постапка против судскиот администратор.
Синдикатот на УПОЗ бара од Судскиот совет да постапи по претставките поднесени од вработени во Основниот суд во Куманово кои, како што тврди, со години се соочуваат со навреди и психички притисоци од претседателката на Судот Снежана Манев.
Тешки обвинувања за навреди, психичко малтретирање и притисоци врз вработените во Основниот суд Куманово од страна на претседателот на судот Снежана Манев, изнесе Синдикатот на УПОЗ, од каде тврдат дека ваквата состојба трае со години, јавува кумановското „Радио Бум“ на Фејсбук.