Честиот секс има многу позитивни влијанија врз двајцата партнери – може да ве ослободи од стресот, да ви помогне побрзо да оздравите ако сте настинати или пак да ви го „наполни“ егото со самата идеја дека сте посакувани.
Сексот може да помогне во зачувувањето на меморијата кај постарите лица. Овој заклучок го изнесе австралискиот психолог Марк Ален. Тој ги анализирал податоците од интимниот живот на повеќе од 6.000 луѓе на возраст од 50 и повеќе години.