Кошаркарите на Кожув ја остварија втората побеdа (пак на гостински терен) во машката Супер лига. Во натпревар од 3.коло Кожув го совлада Штип со 77:85 на гостински терен. Домаќините пружија силен отпор во првото полувреме кое го добија со минимална предност од 40:39.
Кошаркарите на Штип продолжуваат да ја бараат првата победа во дебитантската сезона во македонската Суперлига, откако по поразите од Тиквеш и Куманово, не успеаја да го прекинат негативниот почеток ниту на дуелот со Кожув од Гевгелија.
Во машката кошаркарска Супер лига, попладнево ќе се одигра еден натпревар. Во него Новиот прволигаш Штип го пречекува гевгелиски Кожув во натпревар од третото коло. Домашниот тим е дебитант во елитното друштво и сè уште е во потрага по својата прва историска победа.