Легендарниот американски тенисер, Андре Агаси, имаше порака за новиот шампион на гренд – слем турнирот Ролан Гарос, Германецот Александар Зверев. Тоа беше првата гренд слем титула за Зверев, кој има изгубено дури три гренд слем финалиња.
Германскиот тенисер, Александар Зверев конечно го урна проклетството и го крена својот прв трофеј од гренд слем турнирите. Тој во епското финале на Ролан Гарос, по пет сета го совлда Италијанецот Флавио Коболи (6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1).
Најголемата, најтешката и најдолго чеканата спортска агонија во модерниот тенис конечно заврши попладнево на култниот терен „Филип Шатрие“. Германецот Александар Зверев успеа да ги скрши синџирите на минатото, ги победи сопствените демони од ...