Компанијата „Теса енерџи“ пушти во употреба когенеративна постројка во Топлана Скопје Север. Инвестицијата е вредна 2,5 милиони евра, а наведениот капацитет изнесува 2,1 мегават електрична и 2,6 мегавати топлинска моќност.
Управителот на „TESSA Energy“ вели дека ова е само првата фаза, а веќе во втората фаза се планира нова инвестиција од 10 милиони евра, а целта е да се создаде современ енергетски центар. Компанијата „TESSA Energy“ која во 2024 година ја презеде во управување поранешната Топлана ...
Секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи придонесува кон создавање посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Владата вложува во енергетскиот систем, а заштитата на животната средина е еден од приоритетите на земјава, дециден е министерот за транспорт Александар Николоски за време на отворањето на фабрика токму во овој сектор.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува приватните инвестиции во енергетиката кои истовремено придонесуваат за зголемување на производството на енергија и намалување на штетните емисии во воздухот.