СДСМ преку соопштение обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски за само две години создала околу четири милијарди евра нов долг, реагирајќи на, како што велат од партијата, обидите на ВМРО-ДПМНЕ постојано да го оправдува своето задолжување со наследените долгови.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на критиките од СДС за економските политики и јавниот долг, обвинувајќи ја опозициската партија дека треба да одговори за долговите направени во периодот кога заедно со ДУИ беше на власт.
Кога СДС зборува за задолжувањето, мора да се потсетиме на еден многу важен факт. Во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, истакна на прес-конференција Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.