Во пукање на главниот плоштад во Краков, во саботата на 7 ноември, загинаа шест лица, а 15 беа ранети. Напаѓачот исто така уби тројца членови на своето семејство (татко, мајка и сестра). Напаѓачот е полски државјанин, Михал О.
+инфо - ПРВ.мк - 360 степени - Сакам да кажам - Национално - Рацин
ДЕВЕТ мртви лица се поврзани со крвопролевањето во Краков, Полска. Шест лица беа убиени во пукотница во центарот на градот, а полскиот премиер Доналд Туск синоќа потврди дека уште три тела, две жени и еден маж, се пронајдени во домот на напаѓачот.
Осомничениот, полски државјанин, бил застрелан од полициски службеници и пренесен во болница. Мотивите за нападот се непознати Четири жени и двајца мажи се убиени во пукање во Краков, а петнаесетина други лица се повредени, соопшти тамошната полиција.
Во Полска денес и утре се одбележува период на жалост по убиството на девет лица во Краков. Полскиот министер за национална одбрана, Владислав Косињак-Камиш, изјави дека инцидентот претставува терористички напад.