Краткотрајно невреме проследено со силни поројни дождови, силен ветер, грмежи и појава на град ќе ја зафати Македонија во деновите што следат. Метеоролозите најавуваат остар пресврт на атмосферата, со што земјава влегува во долготраен период на изразена нестабилност.
ПРВ.мк - Кафе пауза - Метео Аларм - Рацин - Кумановски м.
Од утре, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови во крајните северозападни делови ќе има услови за појава на слаб локален дожд, грмежи и ретка појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.