Борис Бекер има пет деца од различни врски и бракови, а неодамнешната објава со неговиот постар син привлече големо внимание, особено кај младите жени. Овојпат, Борис Бекер не беше во центарот на вниманието поради тенисот, туку поради еден убав семеен момент.
Љубовниот живот на спортистот е полн со скандали. Поранешниот тениски ас Борис Бекер неодамна сподели фотографија на Инстаграм со својот син Елиас, двајцата позираат во ресторан во Берлин. Тој напиша под фотографијата: „Убава средба татко-син“.